Боеви гаѓања на Криволак
13-01-2014 РЕГИОН

На армискиот полигон Криволак од денеска до четврток ќе се извршува гаѓање со боева муниција поради што во овој период се забранува движење и претстој на луѓе и моторни возила.

Забраната се однесува за реоните на село Мушанци, Голема Страна, Тумба, Кашаи Тубре, Кукулци  и Вршник.

„Исто така се забранува било какво земање или допирање на неексплодиранипроектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, полициските станици Неготино, Кавадарци или Градско“ стои  во соопштението од армискиот полигон и се нагласува дека стрелиштето на кое ќе се извршуваат планираните гаѓања ќе бидат видно обележани согласно законските прописи во АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување.



Share

Додади коментар