Општина Кавадарци и оваа година, 2018та, ја продолжува традицијата на одбележување на 14ти февруари- Св. Трифун, празникот на лозарите и винарите од Тиквешијата.
По тој повод, на 14.02.2018, во среда, на главниот плоштад на град Кавадарци ќе се организира Манифестација за граѓаните, со следната содржина:
11:40h – Културно-уметничка програма.
12:00h – Традиционалното закројување на Виновата лоза
12:30h – 15:00h – Настап на Фолклорни состави и Чалгии.
20:30h – Музички настап на Локални бендови
21:45h – Концертен настап на Владо Јаневски
23:00h – DJ
Целиот плоштад ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун, со претставување на изложби, како и традиционална храна, вино и ракија, дегустации на маџун и гроздови продукти.
Оваа година, на овој наш голем празник Св.Трифун заедно да се собереме, уживаме и забавуваме.
Додади коментар