Со тешка механизација вработените во „Пуцко петрол“, „Нова логистик“ и „Ролис ГМ“ денеска излегоа на протест. Во периодот од 12 до 15 часот тие го бликираа патот Кавадарци – Прилеп кај комбинатот Фени индустри и самиот влез кон фабриката. На ваков чекор се одлучиле бидејќи неколку месеци неможеле да си ги наплатат побарувањата од 8 милиони евра за руда, гориво и други услуги.
„Компанијата „Ролис ГМ“ имаше задача да ја снабдува фабриката со основниот репроматеријал, руда, во изминатиот период. Трите компании се одлучивме на протест поради неисплатен долг од 8 милиони евра. Преговори имаше, но резултати нема. Има некое селективно решавање на проблемите. Тоа е добро, но ние сакаме нашиот проблем да биде решен. Слушнавме во јавноста дека има една компанија од Бугарија заинтересирана за 100 отсто откуп на акциите од доверителите и дополнителни 30 милиони евра дополнителна инвестиција. Тоа ни дава надеж за подолг век на фабриката. Со оглед дека во моментот една странска компанија ја работи фабриката под наем, се надеваме дека и тие имаат исти намери, затоа бараме од стечајниот управник што побрзо да ја забрза постапката и да се огласи јавно наддавање за идниот сопственик на фабриката. Во еден транспарентен начин нека се одлучи кој ќе биде. Наша цел е да си ги добиеме нашите средства“ рече во изјава за КТВ, Томе Ангелов директор на компанијата „Ролис ГМ“.
Тој нагласи дека за следните чекори и дали ќе се протестира и во наредните денови дополнително ќе одлучат бидејќи пoзади нив се над 350 вработени и тоа рудници со кои соработувале од Албанија.
Ангелов информира дека од септември минатата година запреле да им испорачуваат руда на Фени, бидејќи немало никакви плаќања.
Aнгел Данов

Додади коментар