Бизнисмените оптимисти дека 2014 ќе биде подобра на економски план
26-12-2013 РЕГИОН

Бизнисмените од Кавадарци денеска на новогодишен коктел се дружеа и разменуваа оценки за годината која одминува. На едно место беа собрани членките на регионалната стопанска комора од Тиквешијата, а меѓу нив беше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азевски.

„Во пресрет на новогодишните и божиќните празници го организирвме денешното дружење“ рече претседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, Митко Јанчев.

2013 година од Стопанската комора на Македонија  ја оценуваат како тешка година за стопанството. Првиот човек на комората, Бранко Азески констарира дека во последниот квартал почнал да се буди оптимизмот кај стопанствениците, бидејќи кај петте најзначајни надворешно трговски партнери релевантните меѓународни институции предвидиле раст на нивниот бруто домашен производ меѓу 0,5 и 3%. Тоа било сигуирен идникатор за нашите бизнисмени дека ќе дојде до зголемување на нарачките, а со тоа и придвижување на нашата економија.

„Ако го земеме фактот дека ние оваа година извршивме сериозни подготовки за нови пазари во Кафкаскиот регион, во Кина,  во земјите од заливот и од северна Африка,  каде што имаше напластени проблеми во измиантиот период,  кои не беа решавани,  а кои што влијаеа на бизнисниот и сериозната логистика која што треба да ја имаат нашите компании кога ќе учестуваат на тие пазари.  Мислам дека 2014 треба ние да ја проследиме со еден отпимизам и да се однесуваме така и нашите комапнии да добијат сериозен сигнал да продаолжат со инвестирањето понатаму. За 2014 година предвидуваме досредување на некои системски прашања кои останаа во 2013 година. За нас е мошне значајно средувањето  на состојбите со ликвидноста и со донесување на законот за финансиска дисциплина. Потребно е да се отвори прашањето за носење на закон за поттикнување на домашните инвеститори,  со тоа тие да добијат државна подршка во тој процес и да ги продолжат своите инвестициони активности.“ рече Азески и нагласи дека постоеле иницијативи за анимација на македонските  комапнии за купување на акции во солунското пристаниште, кое е многу значајно.

А.Д



Share

Додади коментар