Со стартот на летната сезона се зголемува и бројот на граѓани кои заминуваат на годишен одмор и го остваат домот празен подолег период. Таква е ситуацијата и со домовите на фамилиите кој егзистираат од земјоделство па овој период подолго време се на нива, а многу сметка не водат ниту за парите кои кеш ги добиваат од продажбата на земјоделските производи и ги оставаат дома не заштитени.За таа цел денеска со апел се огласи и ПС од ОН Кавадарци одделението за превенција. Од таму велат не дозволувајте да бидете жртва на провална кражба и ова лето заедно да се обидеме да ги запреме кражбите.Кавадаречката Полиција потенцира преку текот на целиот летен период ќе се превземаат превентивни активности во насока на заштита на граѓаните и нивниот имот. Ваквите активности додаваат од таму насочени се кон дистрибуција на брошури до сите туристички агенции во Кавадарци кои нудат аранжмани за летување. Истите содржат корисни информации за заштита на домот кои кој им послужат на оние кои ќе летуваа, а своите домови ќе ги остават празни. Со цел едукација и навремена заштита инспекторите за превенција ќе остварат средба и со жителите на општина Росоман.Со нив ќе се дискутира за начините со кој ќе можат да ги заштитат Росоманчани своите домови за време на вршење на земјоделските работи како и како да ги заштитат паричните средства кој ги имаат кај себе при купопродажба на производите. Вградета сигурносна влезна врата, инвестирајте во заштитни и двојни прозорци, инсталирајте светла и осветлување кое ноќе се вклучува автоматски, направете список на вредни предмети кој ги поседувате и истите одбележете ги, не оставајте неосветлена куќа ноќе и никогаш не чувајте кеш пари дома, советува Полицијата за безбеден дом и убаво поминато лето без кражби и провали.
М.Младенова
Додади коментар