Безбедносни столбови низ кавадаречките улици
29-07-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти од безбедност во сообраќајот. Надлежните служби деновиве поставиа 70 безбедносни столбови на повеќе локации низ градските улици.


Се работи за дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација. Столбовите дополнително го означуваат просторот пред пешачките премини и звтобуските постојки.


Намерата на Општината е да допринесе кон дополнителна поголема безбедност на градските улици, со тоа што ќе го спречи непрописното паркирање на возилата во безбедносната зона на пешачките премини и ќе ја подобрат видливоста на пешаците и прегледноста на возачите.


Поставувањето на овие вертикални безбедносни сообраќајни знаци ќе продолжи и во наредниот период.



Share

Додади коментар