Средношколците од трите средни училишта во Кавадарци преку спорт и дружење ќе се поттикнуваат на почитување сообраќајни правила и безбедно управување со мотор. Пораката преку фудбал од спортскиот терен при Гимназијата Добри Даскалов денес ја упати одделението за безбедност во патниот сообраќај при ПС од ОН Кавадарци чија цел е како што вели инспекторот по сообраќајни работи Диме Крстев во летниот период кога моторчињата се нај активни во сообраќајот да нема незгоди.Акцијата безбедно управување со мотор е подржана од Републичкиот совет за безбедност, допира до граѓаните и е ефективна за што покажува и статистиката за незгоди на кавадаречката полиција.
Маички, пофалници и дружење е најдобрата награда за денес спортски активните ученици учесници во сообраќајот со мотори. Дали по денешната акција ќе ги почитуваат правилата ќе покажат активностите како превентивни така и репресивни што во наредниот период на терен ќе ги реализира Полицијата.
M.M

Додади коментар