Бадникови подароци за децата на детско одделение во кавадаречката болница
06-01-2019 РЕГИОН
По повод големиот христијански празник Божиќ, директорот на Општа болница со проширена дејност Кавадарци, д-р Диме Коцев со вработени во болницата, ги посетија децата кои се хоспитализирани на детско одделение.
„Бидејќи денеска е Коледе, и овие деца не беа во можност да се радуваат на празникот како нивните другари, одлучивме да ги посетиме и да им дадеме подароци за Коледе. Им посакуваме побрзо оздравување и враќање во кругот на семејствата додека се празнува Божиќ“ рече д-р Коцев.
А.Д

Додади коментар