Асфалтирање и поплочување во Кавадарци
31-05-2021 РЕГИОН

Оперативата на фирмата Градба промет од Кавадарци, денес асфалтираше паркинг простор на ул.Беласица и ул.Преспа со вкупна површина од 1400 метри квадратни. Се асфалтираше со асфалт аб11 со дебелина од 5 сантиметри.

 

Оперативата на фирмата Павер трејд денес врши поплочување на тротоар на ул.Браќа Хаџи-Тефови со бехатон коцки.

 

Се врши чистење на одводен канал на локалниот пат до с.Рожден. Чистењето започна за време на викендот и по завршувањето на оваа активност ќе се продолжи со чистење на патот до с.Бојанчиште.



Share

Додади коментар