Во рамките на комуналната изградба општина Кавадарци продолжи со ревитализацијата на повеќе улици во градот.
Механизацијата и работниците од фирмата „Инвест груп“ работеа на асфалтирање на улицата „Јане Сандански“. Се изврши поставување на нов слој асфалт во должина од 160 метри и тоа од спојот со улицата „Задругарска“ до спојот со улицата „Народен фронт“.
Граѓаните задоволн од проектот со кој општината им излезе во пресрет на нивните барања за санирање на оштетувањта на нивната улица.
Оперативата на фирмата „Инвест груп“ денеска изврши асфалтирање на крак од улицата „Диме Туриманџов“ на површина од 200 м2.
Со овој зафат општина Кавадарци изврши ревитализација на дел од оваа улица до спојот со улицата „9 Бригада“ кој беше значително оштетен.
Асфалтирањето на шеесетте метри од улицата е во рамките на комуналната изградба, а се финансира од буџетото на општина Кавадарци.
Додади коментар