Асфалтирана улицата Санџачка во Горно Оризари
12-02-2014 РЕГИОН

Денес завршија  градежните активности за уредување на улицата Санџачка во с. Горно Оризари.

 Целата предвидена траса која е повеќе од 170 метри изминатите денови беше пробиена, тампонирана а потоа беше извршено и бетонирање на улицата. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.

Градоначалникот Славчо Чадиев, денес беше во посета на оваа улица при што оствари и средба со граѓаните кои се дел од месната заедница. Тој истакна дека со бетонирањето улицата Санџачка ќе се реши долгогодишниот проблем за овдешните жители, истовремено овозможувајќи квалитетно и безбедно комуницирање на сите оние што ја користат.

Општина Велес и во наредниот период ќе продолжи со реализација на планираните проект кои се во насока на подобрување условите за живеење на сите категории на граѓани, велат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар