АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦА ОД 1 КИЛОМЕТАР ОД ЗАПАДЕН БУЛЕВАР
03-06-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци реализираше уште една фаза од реализацијата на капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

 

Ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден.

 

Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Новата коловозна лента и тротоарите се со вкупна широчина од 16 метри, од кои коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.

 

Проектот опфаќа и комплетно нова сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.



Share

Додади коментар