Асфалтиран патот за селото Фариш
05-11-2013 РЕГИОН

По успешно завршената прва фаза од реконструкцијата на патот за селото Страгово, асфалт во должина од 1200 метри е поставен и на патот кон селото Фариш.

 

Со реализација на овој проект се создадоа услови за поредовно и полесно патување кон своите родни огништа на жителите кои се отселени од селото,но и на оние кои живеат таму, а имаат потреба да патуваат до општинскиот центар,  вели градоначалникот на општина Кавадарци, Алескандар Панов.

А.Д



Share

Додади коментар