Асфалтиран е дел од улица „Праведничка“ во Кавадарци
16-09-2016 РЕГИОН

Вчера и денеска се работеше на асфалтирање на дел од улицата „Праведничка“ во Кавадарци. Асфалтирани се 100 метри должни. Во наредната фаза ќе бидат асвалтирани и останатите 120 метри.

 

За оваа активност од буџетот се издвоени 2 милиони денари, по еден милион за двете фази од изградбата на улицата – информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци. На оваа улуица за прв пат се поставува асвалтен слој.

 

Градежните работи ги изведува оперативата на „Урбан инвест“ по претходно добиен тендер.

 

A.Д



Share

Додади коментар