Асвалтиран и проширен патот до Страгово во должина од еден километар
18-10-2013 РЕГИОН

Оперативата на ГП „Гранит“ заврши со асфалтирање и проширување на првиот километар од патот кој води кон селото Страгово.  Реконструиран е најлошиот дел од овој пат,од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб кон селото,  а пролетта ќе се изврши целосна реконструкција на овој патен правец, ќе се реконструираат преостанатите 5-6 километри.

 

Денеска  градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов беше во обиколка на овој дел со цел да согледа како е завршена реконструкцијата и најави потпишување на договор меѓу Агенцијата за државни патишта на Република Македонија и „Гранит“ за преостанатиот дел кој ќе биде исто така реконструиран.

 

Со  квалитетната реконструкција на патот Кавадарци – Мушов гроб и со изградбата на патот до Страгово се создаваат основните предуслови за повторно заживување на селата од бошавијата.

 

А.Д



Share

Додади коментар