Априлијада 2015 Кавадарци и Росоман
01-04-2015 РЕГИОН

На традиционалната априлијада и годинава низ ценатарот на Кавадарци продефилираа стотици маски над стотици насмеани лица. На сметка на 1 ви април денеска се шегуваа и дечињата од градинка и основците. Највесело сепак беше низ четирите работни објекти на детската градинка Рада Поцева. Таму 1 ви април започна со песна и договор кој што ќе има на себе. Ќе биде ли секој маскиран во својот јунак или сепак ќе преовладува креативноста на родителот и воспитувачите. Коментирајќи кој како изгледа дечињата од градинка се радуваа денеска како и сонцето кое го имавме некаде до пладне. Нашата екипа беше присутна во работен објект Изворче, а таму уште во дворот се пееше и играше.

 

Секоја чест за маскираните мали јунаци, но за пофалби се и нивните воспитувачи и негователи кои останаа доследни на 1 ви април и априлската маска.Од таму дечињата се упатија до кружниот тек, каде заедно со основците од сите основни училишта во Општината продефилираа се до градскиот плоштад.Од страна фотогрфирање, аплаузи,а на бина за секој учесник пофални зборови. Организаторот ЛС и Домот на културата Иван Мазов Климе задоволни како и годинава помина априлијадата во Кавадарци.

 

Маскираните мали и големи јунаци знаат што значли 1 ви април.Знаат дека станува збор за денот на шегата и сигурни се дека денес ниту возрасните нема да им се налутат ако тие се пошегуваат со нив.

 

1 април всшушност го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, соседи, колеги итн.

Според пишаното најраната поврзаност помеѓу датумот 1 ви април и правењето на шеги се јавува во делото ,,Кантербериски приказни,, на Џефри Чосер од 1392 та година. Според една верзија и толкување 1 ви април како ден на шегата настанал кога во 16 тиот век бил поместен денот на новата година од 25 ти март на 1 ви јануари.До тогаш во многу европски градови новата година се одбележувала на 25 ти март, а славењето траело седум дена односно до 1 ви април.Според тоа толкување оние кои го прифатиле новиот датум како ден на новата година подготвувале шеги за оние кои и понатаму го одбележувале до 1 ви април.Во 18 тиот век пак за овој ден се сметало дека джводи потекло уште од библиската личност Ное. Според статијата од едно англиско списание објавена во 1789 година на тој датум Ное за прв пат испратил гулабица но прерано. Ние минатото го оставаме зад нас, а со тоа и преданијата и верувањата за 1 ви април некогаш, денес ќе веруваме дека сепак најмилите се најрадосни кога се шегуваат и шегата е околу нив.

 

1 ви април денеска се одбележа и во општина Росоман.Карневалот под маски традиционално го организираше ОУ Пере Тошев, а вклучени беа сите ученици на чело со нивните ментори. Го прославивме денот на шегата. Видовме креативни и оригинални маски, доделивме 3+2 награди, да можевме ќе доделевме 200, велат со смеа но и задоволство поради успешната организација од ОУ Пере Тошев за ктв.  Пофалби за сите родители кои со своите деца ги изработија маските, за сите ученици кои вложија труд и го прославија денот на шегата денеска заедно со нмас додаваат од училиштето.Од таму не инвормираа дека доделени се 5 награди: 5то место го освои Драгана Цветкова, 4тоЛидија Стојановиќ; 3то место го поделија Блаже Вељковиќ и Ристе Ѓоргов; 2ро место за Стефанија Несторовска и 1во место за Ивона Вељковиќ, благодарение на нејзината оригинална маска. Честитки за наградените и воопшто сите учесници. Ги имаше навистина многу, а нината креативност оригинална и неповторлива.Се гледаме догодина,а до тогаш останете насмеани им посака на учениците директорката Мирјана Димова која ги додели и признанијата за најуспешние маски.Изборот го направи стручна комисија.

Милица Младенова



Share

Додади коментар