Аплицирањето за субвенции е до 15 мај
24-04-2018 РЕГИОН

 

До 15 мај годинава земјоделските производители можат да аплицираат за субвенции за мерките по обработлива површина и грло добиток за тековната година.

 

„ Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку имате потреба од помош при создавањето на електронското барање, за помош на располагање ви е Подрачната Единица – Кавадарци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. До сега по електронски пат во подрачната единица се аплицирани околу 4500 барања или 65%“ рече раководителот на п.е на МЗШВ, Митко Керов.

 

Тој нагласува дека запазувањето на рокот е многу важен за да може навреме да се обработат барањата и навреме да се исплатат субвенциите.

 

„Затоа апелираме до  земјоделците, кои немаат извршено аплицирање по електронски пат, а им е потребна помош, да се обратат во подрачната единица секој работен ден од 8 – 16 часот“ додаде Керов.

А.Д



Share

Додади коментар