Додека трае грејната сезона опасноста од избувнување на пожар е се поголема. Од територијалната против пожарна единица Кавадарци апелираат до сите граѓани да покажат поголема одговорност кон сопствените објекти.
Потребно е редовно да се чистат оџаците. Во близина на оџаците да не се оставаат лесно запалливи материјали. Во зградите, да не се затвораат отворите од оџаците од станарите кои не ги затоплуваат домовите со тврдо гориво, но и во нивна близина да не поставуваат дрвени плакари.
Исто така сите граѓани кои се затоплуваат на електрична енергија треба да внимаваат на исправноста на електричната инсталација.
Да не се приклучуваат грејни тела на не соодветни продолжни кабли, бидејќи ако грејното тело е посилно, а кабелот со помал капацитет истиот може да се запали и да предизвика пожар.
Од ТППЕ Кавадарци апелираат до граѓаните овие укажувања да ги сватат крајно сериозно овие совети, како би се избегнале сериозни последици од опожарување на станбени или деловни објекти. Само со одговорно однесување од сите може да се избегнат катастрофални последици кои можат да настанат од пожар!!!
А.Д
Додади коментар