По повод претстојниот празник 1-ви мај, ден на трудот, кавадаречката полиција апелира до сите граѓани на општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание на заштита на сопствениот имот, личната безбедност и безбедноста на другите.
Воедно, истите се предупредуваат за време на празничните денови на никој начин да не го нарушуваат јавниот ред и мир, да не прават прекршоци од областа на сообраќајот, а посебно да се воздржат од управување на возила под дејство на алкохол, престигнување на колона возила и неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот.
Исто така се предупредуваат граѓаните да внимаваат при палењето на оган на отворено, како не би предизвикале пожар или други несакани последици.
Им се укажува на сите граѓани дека како и секогаш, се должни да се придржуваат и да ги почитуваат позитивните законски регулативи од сите области, а посебно да внимаваат на одредбите од законот за јавна чистота.
За сите девијантни и незаконити однесувања кавадаречката полиција ќе ги превзема потребните мерки и активности за санкционирање на истите, согласно своите законски недлежности и овластувања.
Сите регистрирани такви појави и настани од страна на граѓаните да се пријавуваат на телефонскиот број 192.

Додади коментар