Апел од градоначалникот: Не палете ги контејнерите!
25-01-2018 РЕГИОН

 

Во изминатите месеци ЈП Комуналец во соработка со „Мој општинар„ како и големиот број донации од локални фирми кои ги дадоа своите машини на располагање низ целиот град имаше голема акција “За чисто и убаво Кавадарци“. Оваа акција ќе продолжи и во иднина се со цел Кавадарци да стане убаво и чисто место за живеење велат од општина Кавадарци.

 

Во информацијата од таму се нагласува дека во изминатите месеци, за жал, Кавадарци се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови. Овој проблем не се решава преку ноќ, но бара многу труд од сите нас.

 

   Во детската градинка Рада Поцева беа донирани 33 прочистувачи на воздух за секоја занимална.

   Сите овие акции и донации се залудни, доколку ние граѓаните останеме несовесни и за кратко време исчистениот простор повторно го претвараме во депонија.

 

   Јас, Митко Јанчев, како градоначалник на Општина Кавадарци и понатаму ќе продолжам со иницијативи за вакви акции и ќе се обидуваме заедно со службите да живееме во убав град.

 

Апелирам до Вас граѓаните да ја кренеме свеста за хигиена на повисоко ниво, да се вклучиме сите заедно во создавање на чисто и убаво Кавадарци.

 

   Голем апел упатувам до Вас граѓаните во врска со намерното или ненамерното палење на контејнери кое предизвикува дополнително загадување. До сите контејнери се поставени канти за пепел и треба да се користат за да не дојде до палење на контејнерите кое, како што реков предизвикува дополнително загадување - се вели во апелот од градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.



Share

Додади коментар