Со интензивирањето на работните активности на лозовите и овошните насади, како и зголемувањето на движењето и претстојот на населението и правните субјекти на отворен простор се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор.
Надлежните субјекти за превенција, рано предупредување и справување со пожари на отворен простор и во шуми, апелираат до населението и правните субјекти за време на извршување на работните активности и престојот на отоворен простор внимателно да постапуваат и да не превземаат активности со кои ќе предизвикаат појава на пожари на отворен простор и тоа:
- Да не палат отпад и остатоци од лозови и овошни насади по извршена резидба на насадите,
- да не палат оган на пасишта, меѓи, стрништа и други простори обраснати со трева, вегетација и шума,
- да не фрлаат отпадоци од цигари-отпушоци на места каде може да настане пожар.
Граѓаните и правните лица додека престојуваат и извршуваат работни обврски на отворен простор, доколку преземаат активности со кои нема да предизвикаат пожари на отворен простор, придонесуваат за заштита на животната средина, спречуваат уништување на природните добра и намалување на загадувањето.
Се повикуваат граѓаните и правните субјекти од подрачјето на општините Кавадарци и Росоман доколку забележат отворен оган и е во почетна фаза да пристапат кон негово гасење и локализирање и да пријават до надлежните субјекти на телефонските броеви;
193- ТППЕ Кавадарци
192- Полициска станица Кавадарци
195- центар за управување со кризи и дирекција за заштита и спасување.
Надлежните субјекти за превенција, рано предупредување и справување со пожари на отворен простор и во шуми и надлежните инспекциски служби постојано го следат состојбите и доколку се откријат причинители за појава на пожари на отворен простор ќе превземаат мерки согласно законските надлежности.

Додади коментар