АПЕЛ: Без поголема потреба да не се патува кон селата од подкожувјето!
04-01-2017 РЕГИОН

Oпштина Кавадарци во пресрет на најавите за снежни врнежи и поларни температури излезе со низа препораки. Информираат дека зимската служба е подготвена за дејствување. Се апелира до старите лица од планинските села во подкожувјето да се симнат во градот, а ловџиите и другите граѓани без потребада не одат во селата од Бошавијата и мариовскиот дел на Тиквешијата

 

Во пресрет на најавите од Управата за Хидро Метеоролошки работи од каде за престојните денови се најавуваат обилни врнежи од снег, проследени со ниски температури и студено време, Општината Кавадарци информира дека согласно своите расположиви капацитети, заедно со концесионерот за зимско одржување на улици и патишта, е подготвена успешно да се справи со истите.

 

Во оваа прилика општината Апелира до граѓаните: Доколку се остварат очекувањата за обилни снежни врнежи, и тие согласно законските обврски во случај на временска непогода самоиницијативно да превземат, чекори за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопанските објекти.

 

Се Апаелира до возачите при снежните врнежи да поведат сметка за прописно паркирање, како и за предвремено отстранување на старите и хаварисани возила од коловозитеи тротоарите како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на службите.

 

Општина Кавадрци Апелира до граѓаните, во случај на обилни врнежи од снег како и при појави на екстремно ниски температури и голомразица, без некоја посериозна потреба да не се упатуват кон селата од ридско планинскиот дел на општината.

A.Д



Share

Додади коментар