Анѓел Дамов е избран за претседател на МПС Кавадарци
16-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

 

Вчера во Кавадарци се одржаа избори за претседател на основната организација на Македонскиот полициски синдикат .

 

 

Како што информираат од Македонскиот полициски синдикат , по пребројување на гласовите Избирачкиот одбор утдврдил дека на изборите од вкупно 72 членови, правото на глас го искористиле вкупно гласање 58 членови, или 80,55%.


За кандидатот Горан Ѓелов гласале 21, а за кандидатот Анѓел Дамов 37.

Претседателот на Комисијата за избори известува дека од утдврдените резултати кандидатот Анѓел Дамов е избран за нов Претседател ОО на МПС “Кавадарци ”.

 

На ново избраниот претседател му посакуваме среќна и успешна работа, на полето за зачувување и унапредување и заштита на правата од работен однос на членовите на МПС - велат од синдикатот.



Share

Додади коментар