Пред два дена на својата официјална веб страна општина Кавадарци ја објави анкетата дали граѓаните се за или против одржувањето на есенскиот панаѓур.
Преку мислењето на граѓаните, Локалната Самоуправа сака да дојде до вистинската одлука, дали да продилжи традицијата или сепак по пролетниот, годинава да згасне и есенскиот панаѓур.Анкетата уште на стартот предизвика поделени мислења кај кавадарчани, но и тешки зборови па и статуси низ социјалните мрежи.
Додека едни цврсто стојат на ставот дека есенскиот панаѓур е само три дневна галама која зад себе остава голем хаос, другите се уверени дека станува збор за долгогодишна традиција која и не е така лоша туку напротив, манифестација преку која најголемиот дел од граѓание доаѓаат до ефтина роба, облека, обукви, постелнина, кујнски производи и слично.
Најгласни во анкетата се граѓаните од новиот центар на градот или поточно жителите од зградите во чија близина се одржува панаѓурот, а со нивниот став се сложуваат и дуќанџиите.
За време на панаѓурот сликата е страшна, отпад на секаде, галама, недолично однесување, измет по влезови од згради или со еден збор селска работа после која потребни се неколку дена за се да се врати се во нормала, коментираат во анкетата жителите од новиот центар искажувајќи го својот став против, есенскиот панаѓур.
Се нуди кинеска роба, цените се смешни, а граѓаните купуваат на големо без да внимаваат на квалитетот, во тие три дена во нашите продавници не вегува никој, коментираат пак дуќанџиите кој исто во анкетата гласаат против. За да има ред во манифестациата, треба да има и посторги правила и критериуми, доволно подвижни клозети и обврски кои ќе ги исполнуват трговците што ќе имаат тезги. Станува збор за манифестација која трае со години благдарение на која деведесет посто од граѓаните се облекуваат за малку пари од глава до пети. Дали е кинеска роба или не , не е ни толку важно бидејќи често и онаа која ја купуваме од продавници по тродупли цени знае да трае и само неколку недели, а лажат оние што коментираат дека од панаѓур не купуваат ништо, бидејќи токму таквите низ него се шетаат со полни торби - пишуваат кавадарчани на социјалните мрежи.
Благодарение, токму на вас дуќанџиите се укина пролетниот панаѓур, немојте и сега да сте неправедни, бидејќи не секој има доволно пари во џеб да ви влезе во продавница.Ако се укине и есенскиот панаѓур е тогаш повеќе од јасно е дека најмногу ќе заживее Неготинскиот бидејќи пари ќе трошиме таму, се дел од комантарите на граѓаните кој во анкетата гласаа за и се спротивставија на оние кои имаа различно мислење од нивното.
Меѓу граѓаните кои се дел од анкетата на општина Кавадарци има и голем дел кој го подржуваат одржувањето на есенскиот панаѓур, но имаат и предлози за негова дис локација и промена на датумот, односно враќање на стариот датум. Се коментира постојано, се споделуваат ставови, но од она што ние имавм можност да го увидиме поголемиот дел од граѓаните се за оджување на есенскиот панаѓур и продолжување на традицијата. Дали и конечната одлука на Локалната Самоуправа ќе зависи токму од резултатот на анкетата, сепак останува да видиме.
Милица Младенова
Додади коментар