Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Јожеф Бенце денеска беше во посета на општина Неготино. Се сретна со со градоначалникот Ванчо Апостолов .
На средбата Неговата Екселенција – амбасадорот Бенце од страна на домаќинот беше информиран за тековните активности во локалната самоуправа, за активностите што општината ги спроведува за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, како и за напорите за привлекување домашни и странски инвеститори со цел за отворање на нови производствени капацитети, а аналогно на тоа и нови работни места, при што беше промовирана и новата индустриска зона Неготино во близина на селото Црвени Брегови. Градоначалникот Апостолов и амбасадорот Бнец разговараа и за други прашања од делокругот на работата на локалната самоуправа Неготино.
Додади коментар