Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец, економскиот советник во амбасадата Мира Лешјак и конзулот Грегор Кузевчиќ. На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу Македонија и Словенија, посебгно за можноста од соработка на кавадаречки компании со компании од Словенија.
„Претходно кога работев како правник во ЈП Комуналец со Светска банка и со словенечка фирма изградивме четии мини хидро централи. Тоа беше една основа за новиот проект кој го работиме. Разговаравме претежно на економски теми. Интересот на двете држави и на Кавадарци е да најдеме заедничи пазар и како да функционираме меѓусебно., наши компании да отвараат претставништва , како што е примерот со ИГМ и обратно. Си зедовме обврска да реализираме една заедника средба меѓу регионалната стопанска комора со комапнии од Словенија“
Петте мини хидроцентрали кои гиградеше компанија од Словенија се веќе готови. Наскоро и официјално ќе бидат пуштени во работа.
„Хидроцентралите се веќе готови и произведуваат електрична енергија. Очекуиваме до крајот на месецот да ги пуштиме официјалчно во употреба. Комапнијата „Колектор“ од Словенија ќе го каже точниот датум. Ќе присуствуваме на отворањето на уште еден капитален проект во Кавадарци, пет мини хидроцентрали со моќност над 11 мегавати“ рече Панов.
Задоволство од денешната средба со градоначалникот н а Кавадарци искажа и словенечкиот амбасадор.
„Ме радува тоа што денес сум во Кавадарци. Градоначалникот ме запозна со развојните проекти на општината, која важи за една од најуспените. Кавадарци не е само подрачје за производство на квалитетни земјоделски производи, тоа е град на индустрија кој се равива. Вашата општина може да се пофали со бројни странски инвестиции, посебно ме радува што меѓу нив има и словенечка компнаија. Тоа е компанијата „Колектор“ која работеше на мини хидроцентралите. Ме радува и тоа што има македонка инвцестиција во Словенија. Тоа е инвестиција на кавадаречката компмнаија ИГМ“ рече амбасадорот.
Ангел Данов

Додади коментар