Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов во својот кабинет го прими амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, неговата екселенција Цуи Џивеи.
Крајот на нивната средба резултираше со начелен договор во најкраток можен рок, со посредство на амбасадот Кавадарци да се збратими со град од Кина. Идејата произлезе врз основа на кинеските согледувања за брзиот економски развој на Македонија, а пред се од сознанието кое Панов му го пренеса на гостинот, дека општина Кавадрци е втора по економскиот развој во република Македонија.
Претходоно градоначалникот пред гостинот од Кина ја претстави општина Кавадарци во сите нејзини сегменти: географски, културно-историски, општествени и стопански.
Потоа заедно со гостинот посетија неколку штандови на градскиот плоштад каде се одржуваше приредбата во чест на денот на пролетта, а гостинот од учениците од ООУ „Габерот“ кавадарци, добиа подарок срце исплетено од волница и фигури со македонски народни носии.
Додади коментар