Амбасадорката на Швајцарија во посета на винскиот музеј во Кавадарци
01-06-2021 РЕГИОН

 Амбасадорката на Швајцарија  во земјава,  н.е Сибил Зутер Техада  денеска беше во работна посета на Кавадарци. Го посети винскиот музеј, каде градоначалникот Митко Јанчев ја запозна со личната карта на општината и потенцијалот со кој располага, но и со традицијата на производство на вино и производи од грозје во овој крај.

 

Денес во Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци беше промовиран проектот Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење!! Здружението „Добредојде Македонија“  во соработка со Општина Кавадарци го реализира проектот во кој се вклучија повеќе засегнати страни, ученици, студенти,граѓани кои учествуваа на заедничка изработка на мозаик,  со цел промоција на мозаикот како уметност и како занает.

 

Проектот е подржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Реализацијата на истиот е од страна на уметниците Симона Манчева и Соња и Димитар Самарџиеви. 30 m2 Мозаик е поставен во ЈОУ Локален Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци. 

 



Додади коментар