Изминатата недела во Центарот за јавно здравје во Кавадарци се регистрирани само 4 ново заболени од грип. Овој податок говори дека значително е опаднат бројот на нови грипозни лица, а со тоа завршува и сезоната на грип.
„Годинава имавме помалку заболени од ова вирусно заболување во Кавадарци. Вкупно се евидентирани 2134 грипозни лица оваа сезона. Споредено со минатата сезона кога имавме 3280 болни, годинава грипот го имаше помалку. Присутен беше најчесто сезонскиот грип“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Грипот завршува но во полн ек е сезоната на алергии. Граѓаните се почесто мака мачат со алергените и континуирано се зголемува бројот на пациенти кои имаат алергии.
Лекарите велат дека секој трет или четврт во земјава се жали на здравствени проблеми предизвикани од алергиски промени. Во овој период во подем се алергиите на полен.
Статистиката покажува дека во минатото во светот еден процент од луѓето ги имале овие алергии, денес 12 проценти од луѓето имаат склоност кон алергии. Во земјава 11,5 проценти од населението има алергија од некој одреден алергенс.
Климатските промени , загадувањето на воздухот и нездравата исхрана се главните фактори, велат лекарите за порастот на бројот на пациенти со алергии.
Алергиите добиваат епидемилошки размери – рече д-р Гоце Бузалков од болницата во Јасеново на трибина која деновиве се одржа во Кавадарци.
Порастот на бројот на болни од алергии предизвикува загриженост и кај здравствените работници. Се истражуваат причините за алергии, но се бараат и начини за олеснување на симптомите. Алергиите се карактеризираат со кашлање, кивање, јадеж во очите и носот, а понекогаш се причлина и за појава на астма.
Лекарите објаснувата дека багремот, брезата, јасенот, буката, леската се начестите причинители на алергии. Затоа луѓето склони на алергии препорачливо е да избегнуваат прошетки во природа но и да ги проветруваат просториите во утринските часови бидејќи во тој период и концентрациите на полен се најголеми.
Ангел Данов
Додади коментар