Акција за чистење на дивите депонии кон Овчка Река
03-02-2020 РЕГИОН
Се чистат сите диви депонии на патот од ул.Дисанска кон Овчка река. По расчистувањето на депониите ќе се работи на рамнење и на тампонирање на патот на некои локации каде што тоа е потребно - информираат од локалната самоуправа.
Оваа акција значително ќе го подобри функционирањето на земјоделците кои работат земјоделски работи во овој дел.

Додади коментар