Општината Кавадарци преку надлежните служби, пристапи кон отстранување на бесправно изградените лимени гаражи на јавно прометната површина во блокот зад зградите „Лепотици“ во новиот центар на градот.
Како што информираа од локалната самоуправа, станува збор за трајно отстранување на бесправни 53 објекти кои досега се користеа како казарници, складишта за стари предмети, како и за паркрање на автомобилите. Инаку просторот околу нив се користеше и како место за одлагање на стари автомобили, тракторки приколку и други неупотребливи премети
„При спроведувањето на постапката Општината ги запази сите законски
обврски согласно кои најпрвин во дневниот печат беа објавени решенијата за отстранување на бесправно подигнатите објекти, потоа се информираа сопствениците за крајните рокови до кога самоиницијативно требаше да ги отстранат нивните лимени гаражи. Денеска на почетокот на акцијата на терен веќе беа остранети 30 објекти од нивните сопственици, на останатите дваесеттина работеа граѓаните кои сами ги демонтирааа гаражите. Надлежните служби на Општината во соработака со ЈП „Комуналец“ отстранија само 5 лимени гаражи чии сопственици не се одзваа на јавниот повик“ стои во известувањето од општина Кавадарци.
По целосно завршување на акцијата нарушениот простор ќе се култивира и по барање на граѓаните кои живеат во околните станбени згради и индивидуални куќи ќе се изврши партерно и хортикултурно уредување, а ќе изгради и асфалтиран терен за спорт и рекреација со што ќе се подигне стандардот на живеење, додаваат од општината.
Додади коментар