Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ продолжуваат со одбележувањето на хоризонталната патна сигнализација на сообраќајниците во градот.
Оперативата на ЈП „Комуналец“ работеше на одбележување на пешачките премини на раскрсницата меѓу улицата „Шишка“ и Булеварот „Видое Смилевски“ кај шумарското училиште.
Со ова се заокружи одбележувањето на улиците кои се спојуваат во новиот кружен тек кај мостот „Белка“.
Акцијата за обновување на хоризонталната патна сигнализација продолжува, велат од општина Кавадарци.
Општината започна со реализација на уште еден проект кој произлезе од граѓаните.
Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со изградба на одморалиште на просторот од спојот на улиците „Вардарска“ со „Доне Попов“ во населбата „Голо оток“.
Се обградува со декоративна цигла, а во склоп на урбанизацијата е предвидено изградба на чешма, клупи и хортикултурно уредување.
Просторот за одмор од каде се пружа убава панорама кон градот ќе биде предаден на користење на граѓаните.
Додади коментар