Акција за беплатно мерење шеќер и притисок за пензионерите
24-11-2014 РЕГИОН

Пензионерите од Кавадарци денеска бесплатно го мереа нивото на шеќерот во крвта и крвниот притисок.Акцијата која се реализираше во здружението на пензионери Кавадарци ја спроведе доктор Тони Јованов од Систина нефро плус Скопје, а ја организираше во рамки на неделата за грижа на стари лица Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци.Пензионерите се тие кои во принцип водат најмногу грижа за сопственото здравје па можеби и затоа резултатите покажаа дека немаат некој значајни проблеми со нивото на шеќер во крвта, но и денешната исто како и ланската акција покажа дека имаат покачен крвен притисок рече во изјавата за КТВ, д-р Јованов.

 

Навремената превенција и пред се поголемата грижа за сопственото здравје се клучни за здарава популација смета Јованов. Можност да бидат дел од бесплатното мерење имаа педесетина пензионери. Од црвениот крст велат дека во рамки на целата кампања активности за оваа популација ќе има уште.

М.Младенова



Share

Додади коментар