Актуелниот состав на кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи последната седница во мандатот
11-05-2017 РЕГИОН

Одлуките за одобрување на финансиски средства од општинскиот буџет за здравствена заштита во селата Сопот и Возарци, како и финансии за помош при лекување се дел од 57-та седница на кавадаречкиот совет закажана за утре од 12 часот.

 

По вчерашната одлука на Уставен суд дека нема надлежност за продолжување на мандатот на градоначалниците и советите очигледно е дека ова ќе биде последна седница за актуелниот состав на советот.

 

Советот ќе одлучува  и по програмата за одбележување значајни настани и истакнати  личности со спомен обележја, одлуката за подигање на спомен обележје-биста на Блажо Тодоровски-Чичето,како и по одлуките за давање согласност за утврдување на висината на бод за исплата на плата на административните службеници вработени во „Комуналец“ и за давање согласност на годишниот план за вработување во општината за годинава.

A.Д



Share

Додади коментар