Активности од комуналната изградба во Кавадарци
24-09-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива продолжува со работа на проект за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.


Проширувањето е во должина од 100 метри, на делницата од главната траса на ул.„Страшо Пинџур“ до спојот со улицата „Ѓоре Брушански“.


Денес се поставуваа рабници на проширената коловозна лента која од првобитните 2,8 метри ќе се зголеми на 5 метри, вклучително и тротоар. Паралелно се работеше и на изградбата на мал потпорен ѕид.


Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

 

Во Ваташа ангажираната градежна оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци, успешно реализираше уште еден комунален проект на општината.


Поплочен е паркингот зад зградата во центарот на селото. На површина од 400 метри квадратни се поставиа бехатон коцки, се изградиа мали пристапни скали, како и десеттина мали жардинери.


Жителите на овој дел на Ваташа сега имаат уредено место за паркирање без кал и прашина.



Share

Додади коментар