Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје, денеска изврши бетонирање на плато на вкупна површина од 200 квадратни метри.
Овој комунален проект се однесува на реконструкција на оштетен плочник на крак од улицата „Илинденска“ во делот на БИТ зоната, зад зградта кај поранешен „Беко“.
Со овј зафат ќе се санираат и оштетувањата на плочникот во тој дел на централната градска улица.
По налог на Општина Кавадарци, оперативата на ЈП „Комуналец“ деновиве спроведува акција за собирање на паднатите есенски лисја од тротоарите и јавно прометните површини во градот. Лисјата се собираат со специјално комунално возило, откако претходно беа пометени и собрани во купи.
Паднати лисја насекаде им создава проблеми како на граѓаните така и на работниците во градските служби задолжени за чистење на јавните површини. Со оваа еко акција тие проблеми ќе се отстранат, а градот ќе биде по чист.
Општината Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на улица во селото Марена.
Ангажираната оператива на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве работи на поставување на бехатон плочки на вкупна површина од 400 квадратни метри. Проектот се однесува на урбанизирање на улицата „Диме Тодоров“ - споредна.
Претходно дел од оваа улица беше тампониран, а во оваа фаза се поставиа мали рабници на одреден дел и нов тампон.
Проектот општината го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.
Започна реконструкцијата на канализациона и водоводна мрежа на ул.Полошкаво Кавадарци, а се работи и на проширување на патот кон с.Ресава-с.Бегниште.
Додади коментар