Активности за поголема безбедност при работа
04-03-2016 РЕГИОН

Со цел да се поттикне соработката и партнерството помеѓу граѓанското општество и државните институции во промоција на безбедни и здрави работни места и да се утврди функционирањето на бипартитниот дијалог во компаниите на локално ниво преку користење постојана законска рамка за безбедност и здравје при работа денеска во Кавадарци се одржа информативен состанок  на кој учествуваа социјални партнери, граѓански организации, образовни институции и претставници од релевантни сектори.

Македонското здружение за заштита при  работа во соработка со Сојузот на синдикати го спроведуваат проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина.-основно човеково право“.

Претседателот на ССМ, Живко Митревски нагласи дека со измените на законот за безбедност и здравје при рабтоа се постигнала поголема безбедност на работните места.

„Анализите кои ги направи ССМ во 2010 и претходно покажаа дека имаме навистина алармантни податоци околу состојбите со безбедноста и здравјето при работа. Ако имаме предвид дека некаде имавме по 400-500 повреди секогаш годишно, во една година имавме и 44 смртни повреди во една година. Поради тоа започнавме кампања за измени на законот за заштита и безбедност при работа. Кампањата беше поврзана со подигнување на степенот и значењето на позицијата на претседателот на синдикат, исто како што тоа е случај на запад, пред се со обезбедување на една контролна функција. Со најновите измени на законот на синдикалецот му се овозможи задолжително да дава мислење во однос на најклучниот документ, изјавата а заштита и безбедност при работа. При промена на секаков вид технологија, опрема на работните места синдикалецот  да биде информиран, да биде информиран за анализите кои треба да бидат правени, а се   поврзани со безбедноста и здравје  при работа. И она што е многу важно а го обезбедивме, најмалку двапати во годината да врши конторла на сите работни места со можност доколку утврди дека не се исполнуваат критериумите и да побара прекинување на технолошкиот процес. За разлика од порано кога записниците се правеа без присуство на претседателот на синдикат, со измените претседателот мора задолжително да присуствува и да му биде ставен на увид записникот. Ворок од 48 часа претседателот мора да биде информиран за повредите на работниците кои се случиле на рабоното место“ рече претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Во регионалната организација на ССМ Кавадарци се прават напори да се изврши синдикално организирање и во компаниите каде тоа го нема, со цел полесно да се спроведуваат законските прописи за поголема безбедност при работа.

„Постојаните наши контакти со синдикалците, со вработените и работодавачите придонесуваат овие одредби од овој закон да заживеат и да се покаже поголем интерес кај синдикалците во надгледувањето дали редовно се применуваат одредбите од овој закон. Најголемо е влијанието во претпријатијата каде работниците се синдикално организирани. Работиме да обезбедиме синдикално организирање  и во фирмите каде тоа го нема“ рече претседателот на Регионалната синдикална организација, Стојко Мурџевалевски.

Проектот ќе трае 15 месеци. После завршувањето се планира да се согледа целокупната состојба на терен околу знаењето на законот за заштита и безбедност при работа. Планираме да се подигнат капацитетите на работодавачите со имплементирањее на овие меркиз а да се намалуваат несреќите и понатаму.

Во 2014 година според неофицијалниот извештај на МЗЗПР се случиле 130 несреќи при работа. Од нив 42 беа фатални. Според стапката на смртни случаи на работа во Македонија изнесува 6,03 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат 6 вработени. Доколку ова се спореди со земјите од ЕУ стапката на смртни случаи на работните места во земјава е исклучително висока.

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар