Активности во лозарството во овој период од годината
23-07-2015 РЕГИОН

Стручњаците  од аграрот предупредуваат лозарите будно да го следат летот на третата генерација на гроздов молец кој всушност ги прави и најголемите штети во лозарството. Стартот на третата генерација на гроздов молец  се очекува  наредната седмица  по што им се препорачува на лозарите доколку оценат дека има зараза задолжително да третираат  во перидот од првата декада на август што ќе биде и последната заштита во лозовите насади.

 

Во овој период интензивно се врши полевање на  лозјата заради високите температуру. Побарувачката на вода за наводнување  во овој период кога температурите надминуваат 40 степени  е најголема  а се наводнува колку овозможува капацитетот на  Хидромелиоративниот систем „Тиквеш“.

 

            Вода има во целата каналска мрежа на Хидромелиоративниот систем „Тиквеш“ вели техничкиот директор на Водостопанство Тиквеш Илија Темелковски. Заради максималната побарувачка се применуваа рестрикциони мерки во одредени реони  за да може да се задоволат сите водокорисници. Исто  така и пумпните станици работат  со полна пареа  за да се овозможи вода во целата каналска мрежа во должина од 160 километри се до крајните дестинации додава Темелковски.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар