Младите невработени велешани се запознаваат со новите мерки на агенцијата за вработување.. Денеска организираше презентација за трите активни програми-добивање возачка дозвола за камион со приколка, отоврање сопствен бизнис, практиканство и обука кај познат работодавач..
Агенцијата за вработување ја промовираше и последната мерка која ги опфаќа дипломираните студенти од последната академска година.. Во оваа програма се вклучени и поголеми македонски компании.. Предвидено е завршените студенти во тие фирми да поминат тримесечна обука и во зависност од потребата да бидат и вработени..
Инаку најголем интерес од мерките за вработување на агенцијата, има за програмата отворање сопствен бизнис.. Тој се реализира веќе седма година.. Иако нема прецизна статистика за бројот на активни бизниси, од аврм велат дека над 60 проценти од отоврените фирми со кредитирање се уште функционираат..
Според податоците на агенцијата за вработување, во велес има над 800 невработени на возраст од 20 до 29 години кои активно бараат работа..
Зоран Јаневски
Додади коментар