АВРМ: Намален бројот на невработени во Кавадарци
21-03-2016 РЕГИОН

Значително е намален бројот на невработени во Кавадарци, а во моментов активно работа бараат  само 2500 невработени лица, информираше денеска раководителот на кавадаречкиот центар за вработување, Благој Борисов.  Денеска центарот беше отворен за невработените на кои им се презентираа активните мерки и политики за вработување и самовработување.

 

„Една од основите акитвности на АВРМ  е промоција на програмите,  мерките за вработување и услугите на пазарот на трудот што ги нудиме,  како дел од оперативниот план за тековната година што го носи владата на РМ. Се со цел директен начин да им ги приближиме овие програми, мерки и услуги и затоа ги правиме овие отворени денови. Годинава во сите општини имавме вакво претстаување. Имаме голем број на активни мерки за вработување и самовработување, подоготовка за  вработување, со кои можеме да кажеме дека во изминатиот период постигнуваме клвалитетни резултат“ рече раководителот на секторот за активни мерки во АВРМ Менка Гугулевска.

 

Во Кавадарци и понатаму најбарани се  техничките професии, а најпопуларна меѓу невработените е мерката за самовработување.

„Денеска на оваа презентациија имаме 4 целни групи лица до 29 годи, од 29 до 35 и над 35 односно до 50 години и работодавачи се со цел овие мерки да допрат до сите невработени.   Во делот на неврботеност сме меѓу првите опшштини  во земјава со 12 % невработеност. Споредено со периодот  кога јас дојдов имаше 12 500 невработени, а сега работа бараат 2500 лица“ рече Борисов и најави оптимизам дека за две години невработеноста во Кавадарци ќе биде со европски просек од пет отсто.

 

Со средно образование се најбројни активните баратели на работа, а на заводот за вработување работа чека и  едно лице со магистратура.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар