Toварно возило удрило во кабина за наплата на патарина на автопатот Демир Капија - Неготино
18-01-2021 РЕГИОН

Вчера  во 13.20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, товарно возило удрило во кабина за наплата на патарина, по што го напуштило местото на незгодата.

 

Извршен бил увид од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот - информираат од МВР.



Share

Додади коментар