Во овие есенски денови, кога бербата нагрозјето е во тек голем бројот на земјоделски возила – трактори, мотокултиватори и други мобилни машини учествуваат во сообраќајот. Ова претставува и сериозна опасност во патниот сообраќај.
Статистичките податоци покажуваат дека сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила, трактори, моткултиватори и други мобилни машии, најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети. Ова е нешто што сите би сакале да го избегнеме.
За таа цел, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со апел до сите учесници во сообраќајот, да бидат свесни и претпазливи за оваа опасност во сообраќајот. ОСБСП посебно апелира да возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.
Апелираме и до возачите на патнички моторни возила на крајна претпазливост, и тоа:
Да бидат внимателни во ноќни услови и во услови на насмалена видливост бидејки за жал често се случува трактори и други мобилни машини да не бидат соодветно осветлени.
Да ја намалат ја брзината, особено на локални и регионални патишта на кои често во сообраќај учествуваат трактори и други мобилни машини. Особено внимавајте на остри кривини, мостови и други места каде што има слаба видливост бидејки тракторите се движат со помала брзина. Поради побрзо возење може да се доведете во состојба да не можете безбедно да го запрете вашето возило, ниту пак безбедно да престигнете.
Бидете внимателни и стрпливи при престигнување. Доколку се најдете позади трактор, мотокултиватор или друга земјоделска машина, бидете трпеливи и имајте во предвид дека тие најчесто имаат релативно кратки релации на патување, најчесто неколку километри и истите брзо ќе се исклучат од сообраќај. Возачите на земјоделска механизација се свесни за застојот којшто го предизвикуваат во сообраќајот и доколку тоа е можно, ќе ви остават доволен простор безбедно да ги престигнете, но истите не треба да бидат престигнувани на места и во услови каде што коловозот не го дозволува тоа.
Внимавајте на приколките и другата приклучна механизација. За жал приколките и другата приклучна механизација на тракторите, мотокултиваторите и другите мобилни машини ( прскали, плугови, цистерни, култиватори и др,) често пати не се соодветно означени или на се соодветно и безбедно прикачени за возилото или излегуваат надвор од дозволениот простор во должина или ширина. Секогаш кога ќе забележете трактор или мотокултиватор во сообраќајот намалете ја брзината и пристапете и продолжете со дополнително внимание и концентрација.
Безбедноста во сообраќајот зависи од сите учесници во сообраќајот независно од тоа дали управувате трактор, мотокултиватор или друго моторно возило. Возете технички исправни возила, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. На тој начин прво ќе го заштитите сопствениот живот, а потоа и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот, вели претседателот на ОСБСП Љупчо Лазов.
Додади коментар