Oпштина Кавадарци ја покажа уште еднаш хуманоста на дело
27-09-2019 РЕГИОН

Да се помага на луѓето кои имаат потреба од помош е морална одговорност на сите нас. За жал , понекогаш животот ни приредува тешки моменти кои уште потешко се надминуваат. Марија Трајкова на своите 17 години остана без двајцата родители, остана сама да продолжи по патот полн со предизвици.

 

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа, денес, и доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари за подмирување на наследени обврски се со цел безгрижно да го продолжи своето образование како доста солиден ученик на Медицинскиот факултет во Скопје.


Марија ни вети дека преку труд и учење ќе постигне добри резултати и еден ден ќе бидеме горди на неа.



Share

Додади коментар