Oд полноќ поскапуваат нафтените деривати
02-12-2013 ЕКОНОМИЈА
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесесе одлука од ноќеска на полноќ горивата да се продаваат по повиоска цена за 1,5 денар.
Согласно новите цени, еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 78 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари. И цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, па ќе чини 70 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар и ќе чини 59 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 денари за килограм и ќе изнесува 41,092 денари за килограм
Додади коментар