Oд недела започнува летно сметање на времето

Во недела, 27 март во 02:00 часот по полноќ стрелките ќе се поместат за еден час нанапред, и ќе се смета дека е 03:00 часот по полноќ.

 Истото ќе трае до 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.

 

 Ова вештачко поместување на стрелките не е поврзано со природна појава, туку само прилагодување на сметањето на времето кон потребите и навиките на човекот. Тоа е чиста конвенција, односно интерен договор. Токму затоа правилата на игра се разликуваат од држава до држава.

 

Во Европа, во 1996 година по договор е земено од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас (Средно европско време) се менува сметањето на времето во 2 часот по полноќ, во Велика Британија и Португалија тоа е во 1 по полноќ, а пак во Грција, Бугарија итн. во 3 по полноќ.



Share

Додади коментар