Oд март ќе се зголемува минималната плата
20-01-2014 ЕКОНОМИЈА
До крајот на март 2016 година минималната загарантирана плата од сегашните 8.050 денари ќе се зголеми на 10.080 денари. Ова пред претставници на синдикатите го најави денеска премиерот Никола Груевски.
Како што рече тој, минималната загаратирана плата ќе се зголемува постепено во наредните две години. Првото зголемување ќе се случи во март годинава кога минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари. Според предвидената динамика во март 2015 мининалната плата ќе изнесува 9.500 денари и во март 2016 ќе го достигне предвиденото ниво од 10.080 денари.
Додади коментар