Oд денеска „пајакот“ во Кавадарци е во функција
06-03-2019 РЕГИОН
Низ кавадаречките улици денеска можеше да се види возилото кое ќе ги отстранува непрописно паркираните возила во Кавадарци, популарно наречениот „пајак“.
Од локалната самоуправа вчера информираа дека возилото во Кавадарци пристигна и ќе биде во сопственост на новоформираното Јавно претпријатие за паркинзи при Општина Кавадарци.
Со ова се оформува проектот за Зонско паркирање што опфаќа регулација на паркирањето во градот.
Според проектот кој официјално ќе биде промовиран деновиве граѓаните ќе мораат да ги почитуваат прописите и правилата за паркирање на главните улици во Кавадрци.
Официјалната промоција на проектот „Зонско паркирање“ и Пајак служба ќе се случи деновиве.
Додади коментар