Вчера во Полициската станица Демир Капија, К.К.(33) пријавил дека околу 23.00 часот пред казино бил физички нападнат од А.Ј.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така во текот на вчерашниот ден, во ОВР Кавадрци, М.С.(21) пријавил дека на 08.06.2021 околу 20.30 часот на ул.„8-ми Септември“ во Кавадарци бил физички нападнат од А.М.(45). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 10.00 часот, додека М.К.(46) вршел земјоделски работи на нива во атар на с.Паликура, неготинско, пронашол три стари неексплодирани гранати. Од вработен од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите биле безбедно подигнати, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.
Вчера во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле регистрирани 34 прекршоци, од кои 25 во Велес, три во Кавадарци и шест во Неготино, кои биле соодветно санкционирани.
Во периодот 09./10.06.2021 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 13лицa,и тоа 11 во Велес и две во Неготино. Против лицата ќе следуваат соодветни мерки. Во овој период нема евидентирано случаи на непочитување на забраната за движење.

Додади коментар