Малолетничка од Кавадарци завчера во 15.45 часот пријавила во кавадаречката полиција дека нејзин роднина А.М.(25) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа.
А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.
На 15.08.2023 во 16.00 часот во Демир Капија, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеици од ОВР Неготино го лишиле од З.П.(50) од Демир Капија. При извршен претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени повеќе од 60 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.08.2023 во 09.20 часот во Кавадарци, врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
Додади коментар