Првиот од шесте возови за „Македонски железници Транспорт“ ќе биде испорачан следниот месец. Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, пишува „Утрински весник“.
Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои според министерот Мисајловски, треба да пристигнат до јануари следната година.
Со проектот на Владата за обнова на возниот парк на железницата, укажа Мисајловски, Македонија првпат по осамостојувањето добива електричен и модерен воз.

Додади коментар